Вести Македонија Наука и здравје

Обвинителство уште проверува дали има кривично дело за хаваријата на системот за воздух и кислород во хируршките сали на Клинички

Од скопското обвинителство досега не одлуечиле дали ќе гонат некој и дали има кривично дело во хаваријата на системот за компримиран воздух во хируршките сали на Клинички центар. Се преземаат сите дејствија откако случајот го пријави министерот за здравство Илир Демири.

-Се преземаат сите дејствија потребни за да се проверат наводите во поднесоците од аспект на тоа дали има обележја на некое кривично дело, ни одговорија од обвинителството.

Повеќе од три недели хируршките сали на Клинички не функционираат откако преку системот за воздух се ширеше непријатен мирис. Илјадници операции се откажани, а итните случаи се оперираат во другите скопски болници.

Ангажирана е и германска фирма за да утврди за што станува збор, но досега нема информации дали е откриена причината за хаваријата. Демири тврдеше дека околностите го навеле да се сомнева во саботажа.

Вчера ДКСК утврди дека министерот Демири незаконски ги сменил директорите на Кардиохирургија и на Токсилогија. Демири го пријави и Марјан Шокаровски од Кардиохирургија во обвинителството за случувањата на Клиниката и извештај за зголемена смртност, Од обвинителството на прашањата на Телма ни одговорија дека и за таа пријава проверуваат дали има обележја на кривично дело.

Таравари би ги разрешил економските директори на клиниките уште првиот ден, според Беќаровски, тие донеле економско лудило

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: Не планираме да соработуваме ни со Кина, ни со Русија, милијардата ќе биде од земја членка на ЕУ и НАТО

Дејан Дејан

Николовски: Дефинитивно треба да се направи длабока анализа на договорот со Бехтел и Енка

Дејан Дејан

Николовски: Мора да се намалува јавниот сектор а да расте приватниот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе