Вести Емисии Код Македонија

КОД: Во Фонд за пензиско- чудни молерски тендери, како дигитализацијата е закочена во Македонија

Дупка без дно е Фондот за пензиско осигурување, но е полно грне богатство доколку не сте пензионер туку молер на тендер.

Глетување на стари ѕидови – 1770 денари за квадрат, кречење 1180 денари за метар квадратен. За новите ѕидови од гипс картон, глетувањето било 2124 денари за квадрат, но кречењето било само 1060 денари за метар квадратен. Ова се дел од цените за одржување кои ги платил Фондот за пензиско осигурување во 2022 година, неколкупати повисоки од пазарните.

Ревизорите откриваат големи проблеми кои со години не се решаваат во ПИОМ.

Дигитализацијата во Македонија ниту е поевтина ниту пак државата ги избриша редовите граѓани кои услугите ги бараат тет-а-тет, а не преку интернет.

Колку пари и колку време се губат онаму каде што граѓаните бараат услуги од државата. Гледајте КОД вечерва во 19:15.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Електронска порака од директорката на УЈП, го одложи закажаниот протест

Дејан Дејан

Следниот месец стартува изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Михајло го известувал Дејан за дојави на контроли од МВР и од УЈП – рочиште за „Пулс“ со докази од вештачења на телефони

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе