Вести Македонија

ДЗР: За исто работно место, различни плати во државната адмнинистрација

Највисока плата од административните службеници земаат државните секретари или 98 и пол илјади денари бруто, а најниска помладите референти или речиси 33 илјади денари бруто, покажува последниот извештај на Државниот завод за ревизија. Најголем скок на платите за двојно за периодот од 2021 до 2023 година имало токму кај помладите референти.  Со ревизијата се опфатени 14 министерства и 22 институции, а со неа се покажува дека за исто работно место има различни плати.

„Постои разлика во платите за исто ниво на работно место, при што платите во министерствата се на најниско ниво во однос на другите институции, кај кои определени прашања во врска со работниот однос, а со тоа и платите, се уредени со закон и со колективен договор, на начин различен од Законот за административните службеници,“ наведуваат од ДЗР. 

На пример на државните советници платите се движат од  69 илјади до 108 илјади денари, односно кај министерствата платата на државните советници е за 37 отсто помала за разлика од другите институции. Слично е и кај раководителите на сектор кои земаат од 67 илјади до 125 илјади денари, односно кај министерствата платите се за 46 отсто помали.

Притоа модулот за пресметка на плати се користи само од 29 институции, додека модулот за управување со учинокот не се користи воопшто.

„Ваквата состојба ја доведува во прашање оправданоста на набавката и одржувањето на системот, како и ефикасноста на планирање на развојот и унапредувањето на вработените во јавниот сектор, а со тоа и на платите во јавниот сектор“, се посочува во извештајот на ДЗР. 

Во ревизијата е направена анализа и за тоа дали зголемување на платите е направено согласно стапката на пораст на трошоците на живот на месечно ниво. Се утврдило дека тоа го направила само една институција,  додека сите 35 останати, не извршиле усогласување, бидејќи немале доволно пари.  Но, ревизорите утврдиле дека во буџетот на државата сепак биле обезбедени средства за оваа намена.

Инаку се нотира и дека институциите и имале повеќе вработувања од бројот на оние кои ги напуштиле. Во 2021 година вработени биле 1.366 лица што е за 43 отсто повеќе. Наредната година вработени се 1.226 лица што е за 21 процент повеќе, а до септември лани се вработиле 792 или 26 отсто повеќе од бројот на испразнети работни места.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО/ФОТО) Изгаснат пожар во Лисиче. Можел да зафати и куќи

Дејан Дејан

Триесет членови, 24 министерства и седум потпретседатедели – Црна Гора има нова влада

Дејан Дејан

Убиство на гостиварско Дебреше – застрелан помлад жител на селото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе