Емисии Топ тема

„Топ тема“ (07.06.2024) – Децентрализација на оперативните зафати за растоварување на Клинички

Здравствениот систем во Македонија, за жал, е централизиран во Скопје. Ако одредени интервенции се работеа во внатрешноста, конкретно Тетово, Гостивар, Штип, Битола, немаше многу да се чувствува ова што се случи со Клиничкиот центар во Скопје, истакна доктор Башким Шабани, хирург уролог, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Имаме Клинички центри во Штип, во Битола, во Тетово кои што функционираат како клинички болници. Меѓутоа не се доволно опремени да направат потешки, покомплицирани интервенции кои што изведуваат во Клиничкиот центар во Скопје. Би било добро решение за растоварување на Клиничкиот центар, одредени поискусни хирурзи да одат во внатрешноста, пришто освен растоварување на Клиничкиот центар во Скопје, ќе се направи и обука на хирурзите таму. Со тек на време ќе се осамостојат и ќе можат барем 70 отсто од хируршките интервенции да изведуваат таму. И тој товар нема да се чувствува во Клиничкиот центар“, смета доктор Шабани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Toп Тема (12.02.2025) 10 години во етерот! – Помош за општините – политика за развој или предизборна инфузија?

Дејан Дејан

„Топ тема“ (11.02.2025) Ќе се регулира ли, конечно, кој и каде може да врши естетска медицина?

Дејан Дејан

Топ Тема – Судскиот Совет e зрел за реформи, но на каков начин? 10.02.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе