Вести Македонија

Пет лица повредени во сообраќајните несреќи во Штип

Пет лица повредни, од кои двајца со тешки телесни повреди е исходот од трите сообраќајни несреќи на територија на СВР-Штип. За живот се бори 42 годишен маж од Штип, во кој утринава додека работел на одржување и косење на тревата на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на клучката кај Три Чешми бил удрен од возило сеат леон управуван од возач од Пробиштип.

Возилото од ударот во работникот на патот се превртело, а возачот се здобил со повреди. Од штипската Клиничка болница информираат дека 42 годишниот маж е на КАРИЛ, извршена му е операција и е на апарати. За само неколку часа, исто во близина на штипската приградска населба Три Чешми се случи втора сообраќајна несреќа, но на стариот регионален пат Штип-Велес.

Возило марка голф излетало од коловозот, совозачката во возилото 53 годишна жена од штипското село Врсаково е со тешки телесни повреди, а 50 годишната возачка на возилото се здобила со телесни повреди. И во последната која се случи околу пладне на магистралниот пат Делчево -Македонска Каменица, кај Биглата во судир меѓу две возила, повреден е еден од возачите.

Брзото возење, непочитување на сообраќајните знаци се причините за тешките сообраќајки на патиштата во источниот регион.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Tрамп изјави дека Русија треба повторно да биде примена во Г7

Дејан Дејан

Руте: На Украина никогаш не ѝ беше ветено членство во НАТО

Дејан Дејан

Зеленски до западните партнери: Не му верувајте на Путин, најисплатливо за НАТО е да ја прими Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе