Вести Македонија

Давитковски во „Топ тема“: ДУИ и „Вреди“ ќе го дерогираат Охридскиот рамковен договор, како предлагачи на измените на законот за локална самоуправа

Колку што разбрав, ДУИ и Вреди би биле предлагачи на измените на законот за локална самоуправа, иако и на ВМРО-ДПМНЕ му одговара, бидејќи и тие ја имаат Општина Аеродром во која што сакаат да си ја задржат доминацијата, истакна професор доктор Борче Давитковски, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ, за најавените измени на законот за локална самоуправа за општините во кои избраните градоначалници одат во извршната власт.  

„Со ова, тие го дерогираат Охридскиот рамковен договор во кој еден од столбовите е токму локалната самоуправа и правото на граѓаните да се самоорганизираат и управуваат со територијалните единици во кои живеат. Со ова се става пепел на делот на Охридскиот рамковен договор кој со полна уста веќе толку години го промовираат од ДУИ, претпоставувам и другите политички субјекти од албанска провиниенција“, изјави Давитковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе