Македонските претставници во фудбалска Европа летово, шампионот Струга, освојувачот на Купот, Тиквеш и вицепрвакот Шкендија утре ќе ги дознаат ривалите во Лигата на шампиони и Конференцислата лига на УЕФА.
Струга во првото квалификацико коло во Лигата на шампиони е во групата на неносители, па за потенцијални ривали ги има екипите на Слован Братислава од Словачка, потоа Линколн од Гибралтар, Њу Сеинтс од Велс, косовскиот тим Балкани и Борац Бања Лука од Бих. Ждрепката е утре во 14 часот во Нион, а првите натпревари се играат на 9 или 10 јули, а реваншите се седум дена подоцна.
Во конференциската лига, Шкендија ја има улогата на носител, па можни противници ќе и бидат Вележ од БИХ, Торпеду Кутаиси од Грузија, Малишева од Косово, Ноах од Ерменија и Ислох Минск од Белорусија.
Освојувачот на Купот е во групата неносители, па за можни ривали ги има исландски Бреидаблик, Дуделанж од Луксембург, Тре Пене од Сан Марино, Сент Џозеф од Гибралтар и Крусејдерс од Северна Ирска.
Ждрепката е утре од 16 часот, а првите натпревари се играат на 11.јули, додека реваншите се една недела подоцна.