Вести Свет

Дванаесет лица повредени на летот Доха – Даблин – патници сведочат: „Луѓе летаа низ кабината“

Дванаесет лица се повредени кога авион на „Катар ервејс“, кој летал од Доха за Даблин, влетал во силни турбуленции.

Аеродромот во Даблин во соопштение соопшти дека авионот слетал безбедно според планираното пред 13 часот.

Се наведува дека шест патници и шест членови на екипажот пријавиле повреди откако леталото доживеало турбуленции додека летало над Турција.

Аеродромот соопшти дека сите патници биле проверени за повреди во авионот, а осум потоа биле пренесени во болница.

„Имаше неколку патници кои немаа сигурносни појаси, па беа фрлени пред нас, беа исфрлени од седиштата и ја повредија главата“, објасни патничката Шерил Шукер.

 

„Неколку вработени, дел од персоналот, имаа тешки повреди, Еднен од нив изгледаше како да има искривен скочен зглоб. Беше доста страшно. “, додаде таа.

Инцидентот доаѓа пет дена откако Британец почина од сомнителен срцев удар, а десетици луѓе беа повредени кога авион на „Сингапур ерлајнс“ од Лондон наиде на силни турбуленции.

Патниците ги пофалија авионските работници кои продолжиле да им помагаат и се грижеле за нив за цело време.

„Тоа беше толку страшно, едноставно не знаете што се случува? изјави патничката Филомена Прендергаст по слетувањето во Даблин.

 

„Но, персоналот беше неверојатен…Не можам доволно да им се заблагодарам“, додаде таа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Груевски се жали во судот во Стразбур за предметот Тенк – објавено на што се однесува апликацијата и прашањата што треба да ги одговори државата

Дејан Дејан

Summer job како испомош во Бон- како МНР ја испрати поранешната ТВ водителка Бесмира Ејупи во дипломатска мисија

Дејан Дејан

ДЗР: За исто работно место, различни плати во државната адмнинистрација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе