Uncategorized

Шест години од Преспанскиот договор, кои се обврските што останаа неисполнети

Договорот од Преспа е жив доказ дека и најтешките спорови можат да се решат кога лидерите го даваат приоритетот на поголемото добро пред сè, е пораката која денеска ја испрати Венко Филипче на дводневната меѓународна конференција за мир и одржлив развој во Атина, по повод 6 години од Преспанскиот договор а во организација на „Фондацијата Заев – едно општество за сите“ и Институтот Алексис Ципрас.

Шест години по потпишувањето на Преспанскиот договор во селото Нивици со кој се затвори речиси тридеценискиот спор со Грција, се уште има обврски кај двете држави кои треба да се имплементираат а договорот се уште предизвикува тензии меѓу Македонија и Грција.

На 17 јуни 2018 година свој потпис на Договорот од Преспа ставија тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, а до нив стоеја тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас. Првите честитки дојдоа од посредникот во преговорите Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан и поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини кои беа присутни на брегот од преспанското езеро. На 12 февруари 2019 година стапи на сила.

Согласно договорот, Република Македонија го смени Уставот и името,  стана Република Северна Македонија и беше примена како 30та членка во НАТО Алијансата но остана пред вратите на Европската унија иако едно од бриселските ветувања беше прием.

Македонија исполни голем дел од обврските од договорот, покрај промената на името и Уставот, ги смени имињата на државните институции и министерствата, следуваа менување на патните исправи и личните документи како и регистарските таблички. Според шефот на дипломатијата во заминување, Бујар Османи, останува преименувањето на МАНУ и Македонската радио-телевизија (МРТ).

Кај Грција пак ситуацијата е обратна и голем дел од обврските не се исполнети. Трите меморандуми за соработка потпишани во 2019 година и  доставени во грчкиот Парламент на средината на септември 2020 година, сè уште не се ратификувани и покрај тоа што опозициската СИРИЗА, минатиот месец по втор пат ги достави на усвојување, не се променети сите сообраќајни табли во северна Грција и не е одржан вториот Совет на високо ниво кој според договорот треба да се одржува еднаш годишно како надзор на спроведување на обврските.

Договорот беше најавен како форма за мирно решавање на спорот меѓу двете држави, што делумно и се случи. Сепак тензиите меѓу двете држави не исчезнаа и особено се засилија во последниот период по инаугурацијата на претседателката Гордана Силјановска Давкова во Собранието каде го користеше старото име на државата и идниот мандатар Мицкоски кој има идентичен став дека го почитува договорот од Преспа но имаат лично право како да ја нарекуваат државата на што жестоко реагираше официјална Атина.

Oгнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Енергетската мрежа ќе се оправа со нов заем од ЕБОР кому претходно му плаќавме провизии за неискористен кредит

Дејан Дејан

Следната седмица преку Министерството за финансии ќе започне исплатата на повратот на ДДВ

Дејан Дејан

Пожарите не стивнуваат – гори главно непристапен терен, а општините бараат помош од воздух во гаснењето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе