Министрите на Европската унија и палестинскиот премиер Мохамед Мустафа се собраа во Брисел на министерски состанок на меѓународните партнери за Палестина.
На состанокот со кој претседаваше министерот за надворешни работи на Норвешка Еспен Барт Еиде, а домаќин е високиот претставник за надворешни работи на Европската унија, Жозеп Борел, учествуваат претставници од големите земји донатори, како и од Обединетите нации.
Обраќајќи им се на присутните пред тркалезната маса, високиот претставник на ЕУ Борел рече:
„Мораме да направиме сè што е во наша моќ за да постигнеме итен крај на овие непријателства, да постигнеме итно ослободување на сите заложници, за да ја ублажиме хуманитарната катастрофа што се случува во Газа“.
„Не треба да заборавиме што се случува на Западниот Брег. Таму гледаме засилена спирала на насилство, неселективни и казнувачки напади од страна на екстремистичките доселеници кои сè повеќе се насочени кон хуманитарната помош која се упатува кон Газа“, додаде тој.
Мустафа го поздрави министерскиот состанок, велејќи дека таквите ангажмани се „клучни градежни блокови за правење на Палестина независна суверена, одржлива држава“.
Војната во Газа започна откако милитантите предводени од Хамас упаднаа преку границата, убивајќи 1.200 луѓе и зедоа околу 250 заложници.
Во офанзивата на Израел загинаа повеќе од 35.000 Палестинци, а воените дејствиа предизвикаа хуманитарна криза и глад.