Вести Економија

Дизелот поскапува за два денара од полноќ

За два денара ќе поскапат дизел горивото и маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, а ќе нема промена кај цената на бензините и мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата цена на литар дизел гориво ќе изнесува 73,50 денари, а 72,5 денари ќе чини литар Екстра лесно 1. Моторниот бензин Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава по 80 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 82 денара, а килограм мазут М-1 НС 43,639 денари.

Со одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13  проценти во однос на вчерашната одлука.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,951 процент, кај дизелот 4,759 проценти, кај екстра лесното масло за 4,784 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 1,060 проценти Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,335 проценти“, наведува РКЕ во образложението за денешната одлука.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе