Џерад Брентвајт беше еден од најдобрите играчи на Евертон изминатата сезона, па Манчестер јунајтед тргнува по неговиот потпис. Шпекулациите се дека „ѓаволите“ и фудбалерот веќе ги договориле личните услови за петгодишен договор, но сега проблемот е Евертон.
„Карамелите“ го проценуваат англискиот стопер на 80 милиони фунти и не планираат да ја намалат цената. Ако Манчестер јунајтед е сериозен во намерата да го ангажира Брентвајт тогаш ќе мора да го плати ова обештетување.
Ерик тен Хаг бара засилувања во одбраната по заминувањето на Рафаел Варан, но и поради фактот што лани имаше сериозни проблеми со повредите во дефанзивниот ред, па Хери Мегваер, Виктор Линделоф и Лисандро Мартинез одиграа малку натпревари. Најстандарден беше ветеранот Џони Еванс.