Вести Македонија Топ вести

Маричиќ го мерка претседателското место во ДИК, Џафери сака да биде „Големиот брат“?!

Претседателската позиција во ДИК ќе им припадне на СДСМ. Неофицијално, се спомнува дека местото го посакува досегашниот вицепремиер, Бојан Маричиќ.

Според Член 27, Став 5, од поимникот на Изборниот законик, оваа позиција ѝ припаѓа на опозициската партија со најголем број на гласови, освоени на парламентарните избори, и нема никаква врска со бројот на пратенички мандати.

Во случајов, СДСМ ќе треба да се откаже од еден од тројцата членови и да го добие претседателското место, додека актуелниот претседател, Александар Даштевски, предложен од ВМРО-ДПМНЕ ќе стане член на ДИК и ќе се распише оглас за уште еден член од оваа партија.

Потпретседателката Дитмире Шеху, исто така станува член, а на нејзино место треба да дојде човек предложен од коалицијата „Вреди“.

Поимникот од Изборниот законик е јасен во однос на Државната изборна комисија. Во Член 2 Став 11 и 12 стои дека „позиција“ ја сочинуваат партиите на власт кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови. „Опозицијата“ ја сочинуваат партиите во опозиција кои на изборите освоиле најмногу гласови.

Пред партискиот Конгрес на СДСМ: Освен оставката на Ковачевски, СДСМ синоќа не се договори ниту како да се договара

Но, се очекуваат дилеми и недоразбирања околу тоа кому треба да му припаднат собраниските комисии, со оглед на тоа што СДСМ и ДУИ имаат ист број на пратеници, а во Деловникот нема толкување од типот „најмногу освоени гласови“,туку само одредба „од редот на пратениците од опозицијата“.

Според Член 124, претседателите на анкетните комисии по правило се од редот на пратениците на пратеничките групи во опозиција. Тие го предлагаат и претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, како и на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.

Пракса е и опозицијата да претседава со комисиите кои вршат надзор над тајните служби и над следењето на комуникациите. Дознаваме дека, најмалку за една од овие комисии се заинтересирани ДУИ, односно поранешниот спикер, Талат Џафери.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со месеци уценувал кумановка и земал 16.000 евра со закани

Дејан Дејан

Го фатија разбојникот, му го нашле и купот пари кои ги украде од банка во Скопје

Дејан Дејан

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе