Вести Ракомет Спорт Топ вести

Ракометарите ги добија противниците за СП

Македонската машка ракометна репрезентација конечно имаше среќа во жрепката и на претстојното Светско првенство ќе има  голема шанса да се пласира во следната фаза.

Унгарија, Холандија и Гвинеја се противниците на нашата селекција на Мундијалот и тоа состав кој ни гарантира пласман во следната рунда со оглед на фактот дека првите три национални тим ги продолжуваат борбите.

Дополнителна олеснителна околност за Македонија е фактот што мечевите ги игра во Хрватска, во Вараждин, каде би останала и доколку се пласира во Главната рунда, каде ќе вкрсти со трите првопласирани од групата Ц во која настапуваат Франција, Австрија, Катар и Кувајт.

Светскиот шампионат се игра во периодот од 14 јануари до 2 февруари, а покрај Хрватска домаќини се уште Данска и Норвешка.

Фото: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди северниот дел на Јапонија

Sasko Dimovski

ЕУ го одобри трговскиот договор со САД за царините

Sasko Dimovski

Има 112 далекуводи, за 59 нема имотни листови, трафостаници во заедничка сопственост со ЕВН – ревизорски извештај за МЕПСО

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе