Вести Македонија Најважни

Прешова: Собранието да реагира, Талат Џафери не смее да е премиер, во спротивно треба да констатира престанок на неговиот пратенички мандат

Професорот по уставно право Денис Прешова преку статус на Фејсбук го повика Собранието да реагира и да го опомени Талат Џафери дека не може сам да си бира функции и во исто време да биде и премиер и пратеник. Ако Џафери одбие, Собранието, посочува Прешова, треба да констатира престанок на пратеничкиот мандат на Талат Џафери.

  • „Собранието мора веднаш да го извести Џафери за постоењето на неспојливост на неговата пратеничка функција со функција во извршна власт и ќе му укаже дека престанала неговата функција претседател на Влада, а не нему да му остава да си толкува правни норми како сака и како му одговара. Доколку и покрај ваквото известување Џафери не отстапи од своето „толкување“ и продолжи да ја извршува функцијата претседател на Владата тогаш Собранието треба веднаш врз основа на Законот за Собрание (Член 6 (1) На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран, ако: 3) настапи случај на неспојливост со функцијата пратеник;)“, напиша Прешова на Фејсбук.

Имало правна пракса во собранието за неспоивоста на две јавни функции, но и неоставање на вакуум на битните институции, тврди Гаши

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО/ФОТО) Изгаснат пожар во Лисиче. Можел да зафати и куќи

Дејан Дејан

Триесет членови, 24 министерства и седум потпретседатедели – Црна Гора има нова влада

Дејан Дејан

Убиство на гостиварско Дебреше – застрелан помлад жител на селото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе