Ракомет Спорт

Вардар потпиша со украински репрезентативец

Најтрофејниот македонски ракометен колектив Вардар денеска го доведе второто засилување за идната сезона. Нов играч на „црвено-црите“ е Дмитро Горига.

Се работи за украински репрезентативец кој игра на левата бековска позиција. Иако Горига имал понуди од повеќе клубови тој се одлучил да парафира за македонскиот клуб на една година со можност договорот да биде продолжен на уште една сезона.

Ракометарот кој има 26 години доаѓа во Скопје доаѓа од Катар каде настапува за тимот на Ал Араби. Претходно има настапувано и во Франција во екипата на Екс Ан Прованс, и во Полска во тимот на Шчечин, а во Украина играл за тимот на Мотор Запорожје.

Горига е второто засилување за Вардар за идната сезона по Томче Стојановски. Управата на „црвено-црните“ претходно го продолжи договорот со искусниот Гоце Георгиевски на уште една сезона, а вчера нов договор потпиша и младиот голман Васил Гогов.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе