Вести Македонија Топ вести

Инфлацијата и натаму со високи бројки – најголеми поскапувања кај храната и енергенсите

Земјава ја заврши 2022 година со високи стапки на инфлација од 14,2 проценти, објави Статистика.

Цените на мало, пак, пораснале за 12,6 отсто. Инфлацијата го достигна пикот во октомври лани, кога изнесуваше речиси 20 проценти. Незначително намалување беше регистрирано во последните два месеци од 2022 година.

Во декември лани во споредба со декември 2021 година, најголемо поскапување има кај храната и тоа кај лебот и житото, од 40 проценти. Потоа следат млекото јајцата сирењето, цената на маслото, пак, за една година пораснала за 23 отсто, а зеленчукот и овошјето за 13 проценти. Енормно зголемување на цените има и кај стујата и кај топлинската енергија.

Државен завод за статистика

Леб и жито – 40%

Млеко сирење јајца – 36,4%

Месо – 27, 9

Масло – 23,7%

Шеќер, чоколада – 18, 6%

Зеленчук и овошје – 13%

Траснпорт – 16,1%

Топлинска енергија – 30%

Струја – 20%

На едно четиричлено семејство во декември минатата година му биле потребни 51.235 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка.

Ова го покажуваат пресметките на синдикатите. Во меѓувреме, дел од економските експерти предвидуваат доста висока инфлација и за 2023 година.

„Овој ефект што го гледаме сега со малото намалување на цените на храната ќе биде само еднократен, односно отсега натаму веќе не може да се очекува намалување на цените повторно туку повторно може да се очекува зголемување на цените со одредена мала со некоја мала стапка. Што се однесува до 2023 година, сите очекувања се дека инфлацијата ќе биде доста висока. Нашиот институт проектира инфлација од 10% за целата година што значи дека таа ќе забави од сегашните 19% и во наредните месеци постојано ќе забавува“, вели финансискиот аналитичар, Бранимир Јовановиќ. 

Јовановиќ повикува и на уште построги инспекции на терен и контрола на активностите на супермаркетите. Надлежни за тоа се од Пазарна инспекција, а оттаму за Телма информираат што покажале последните проверки.

„При надзорите е утврдена фактичката состојба и забележан е тренд на намалување на цената на сончогледовото масло за јадење од 15 до 25 денари за литар, на бел леб до 5 денари и на шеќер од 3 до 5 денари. Во поголемиот дел од контролите констатирано е дека одлуката се почитува односно маржите се движат од 5 до 10 проценти, во зависност од типот на производите“, изјави Александра Котели од Државен пазарен инспекторат.

Инаку, во изминатиот период властите неколкупати најавија дека цените пред празниците ќе се намалат и граѓаните ќе се растеретат од високи трошоци, поради тоа што дел од прехранбените компании добија субвенционирана струја.

Сепак цените паднаа минимално дури и незначително. Сега фирмите најавуваат посериозно намалување на цените, но до крајот на месецов.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиството се случило во полн угостителски објект- обвинителството отвори истрага за утринското злосторство во Боговиње

Дејан Дејан

(Видео) Еден загинат, седум повредени – се урна зграда во Истанбул

Дејан Дејан

Пожарникар го загуби животот, над 200 луѓе се евакуирани – поплави во Горна Баварија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе