Вести Македонија Топ вести

Кривична пријава за малолетник за лажните дојави за бомби во училиштата во Кавадарци

Петнаесет годишен малолетник од Кавадарци ќе одговара за тероризам, бидејќи во два наврати на 4-ти и 12-ти декември  од неговиот персонал компјутер ги испратил лажните дојави за бомби во основните и средни училишта во Кавадарци.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска токму од Кавадарци откри дека е откриен сторителот.

Во соопштението од МВР се наведува дека Основното јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава за 15 годишник, за сторено кривично дело Тероризам, предвидено и казниво по член 394-6 став 2 од Кривичниот законик.

  • Малолетникот на 04.12.2022 година, од неговиот персонален компјутер на интернет апликација преку хакирана електронска адреса, на службените електронски адреси на три основни и три средни училишта, сите на територија на општина Кавадарци, испратил заканувачка порака за поставена бомба во објектот. Исто така, на 12.12.2022 година, од истиот персонален компјутер на службената електронска адреса на основно училиште во Кавадарци, испратил заканувачка порака со слична содржина како претходната, се вели во соопштението на МВР.

На 12 декември по издадена наредна од судија на претходна постапка извршен е претрес во домот и други простории каде што живее малолетникот, по што одземени се еден компјутер и мобилен телефон.

Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршен е преглед на електронските уреди кои ги користел малолетникот, при што се пронајдени докази за испратените пораки со заканувачка содржина. МВР досега има расчистено два случаи на лажни дојави за бомби во училиштата во Кавадарци и Скопје.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Се судрија два авиона на аеромитинг, еден од пилотите загина – тешка несреќа во Португалија

Дејан Дејан

Најмалку 10 повредени лица, пет биле реанимирани – гром удри во парк во Чешка

Дејан Дејан

Автомобил влета во публика, повредени шест лица – несреќа за време на трка во Осиек

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе