Спорт Фудбал

Мурињо манија во Истанбул: Овој дрес е мојата нова кожа (ВИДЕО)

Жозе Мурињо вечерва и официјално беше промовиран во нов тренер на Фенербахче. На презентацијата, што се одржа на стадионот „Улкер“ беа присутни илјадници навивачи на турскиот гигант.

Искусниот стратег синоќа потпиша договор со Фенербахче на две години и доаѓа на клупата на местото на Исмаил Картал под чие водство тимот заврши на второто место зад Галатасарај во турската лига иако освои 99 бодови.

„Ви ветувам дека од овој момент па натаму, му припаѓам на вашето семејство. Овој дрес е мојата нова кожа. Фудбалот е пасија и не постои подобро место да се почувствува таа пасија“, рече Португалецот на презентација.

Последниот ангажман на Мурињо беше во Рома, каде беше отпуштен во јануари годинава. Тој ќе има за задача да го врати шампионскиот сјај на Фенербахче, бидејќи овој клуб не ја освоил титулата во Турција уште од сезоната  2013/2014.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа на една победа од историски пласман на Вимблдон

Sportska Redakcija

Историска вечер за Модриќ – 200 натпревари во дресот на Хрватска

Sportska Redakcija

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе