Спорт Фудбал

Килијан Мбапе во дресот на Реал Мадрид до 2029 година

Килијан Мбапе го потпишал договорот со Реал Мадрид, објавува „Би-Би-Си“. Шпанскиот клуб се очекува да ја официјализира оваа информација иднава недела, а промоцијата на Французинот во „кралскиот“ дрес треба да биде одржана по завршувањето на Европското првенство.

Мбапе уште во месец февруари вербално се договорил со Реал Мадрид, а сега и официјално го парафирал својот потпис на сите потребни документи, па од 1.јули биде нов „крал“.

Фудбалерот ќе го носи дресот на „лос бланкос“ до јуни 2029 година. Ќе заработува плата од 15 милиони евра годишно, но ќе добие и бонус од 150 милиони евра, што ќе биде распределен на пет години.

Мбапе во ПСЖ играше од летото 2017 година, а претходно две сезони беше дел од Монако.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа на една победа од историски пласман на Вимблдон

Sportska Redakcija

Историска вечер за Модриќ – 200 натпревари во дресот на Хрватска

Sportska Redakcija

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе