Вести Македонија Топ вести

Здравство, евроинтергации, економија, спикер – кои се местата во идната Влада за коалицијата „Вреди“

Додека јавноста чека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“ да ја закажат долгоочекуваната и веќе најавена прес конференција на која ќе ја соопштат поделбата на ресорите во идната Влада и кадровските решенија, полека почнуваат да се наѕираат контурите на следниот владин кабинет кој ќе го предводи Христијан Мицкоски.

Според засега неофицијалните информации спикер во Собранието ќе биде Африм Гаши. На Алтернатива ќе ѝ припадне и ресорот евроинтеграции како и заменичките места во Министерството за образование и политички систем.

Изет Меџити е можно да биде вицепремиер во идната Влада а партијата „Демократско движење“ ќе  раководи со Министерството за екологија, но и заменичките места во МВР и во транспорт и врски.

Извесно е дека лидерот на „БЕСА“, Биљал Касами ќе го врати пратеничкиот мандат и ќе остане градоначалник на Тетово, а партијата ќе раководи со Министерството за економија каде се споменува Орхан Муртезани и Министерството за труд и социјална политика, додека потврдено заменичко место е во Министерството за култура.

„Алијанса“ на Арбен Таравари ќе раководи со здравство и вицепремиерско место а заменици министри ќе има во одбрана и во Министерството за земјоделство.

За директори уште немаме зборувано. За министри, од Алијанса, кажав дека ќе имаме заменик-премиер, односно министер за добро владеење и транспарентност и министер за здравство и двајца заменици министри за одбрана и за земјоделство и двајца државни секретари. За еден знам, за здравство, за другиот не сум сигурен, изјави Таравари.

ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со останатите министерства а во дел како првада, МВР, одбрана, МНР и финансии се најавуваат нови кадри кои досега не извршувале високи државни функции.

Според информациите на Телма, ресорите се веќе заклучени, а преговорите во изминатите два дена на релација ВМРО-ДПМНЕ – Коалиција „Вреди“ се за кадровските решенија односно имињата на министрите и замениците министри.

Иако и членови на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и дел од лидерите на Коалицијата „Вреди“ во неколку наврати ја посочија можноста и движењето „ЗНАМ“ да биде дел од идната Влада, според информациите на Телма засега до ЗНАМ ниту е упатена покана, ниту пак се почнати преговори, но не се исклучува поканата да биде испратена во текот на наредната недела.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со месеци уценувал кумановка и земал 16.000 евра со закани

Дејан Дејан

Го фатија разбојникот, му го нашле и купот пари кои ги украде од банка во Скопје

Дејан Дејан

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе