Вести Македонија Топ вести

Контурите на идната Влада се наѕираат, се чека на лидерите од „Вреди“ и ВМРО – ДПМНЕ да ги соопштат ресорите

Контурите на идната Влада јавноста очекува да ги дознае задутре, во петок, од она што го најавија деновиве лидерите на Коалицијата „Вреди“ и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, да се официјализира договорот за соработка и да се соопшти поделбата на ресорите во Влада.

Според информациите на Телма, на Коалицијата „Вреди“ ќе раководи со министерствата за економија, здравство, труд и социјална политика, инфроматичко општество, култура  а најверојатно  ќе го добие и спикерското место во Парламентот. Дали во пакетот ќе влезе и местото прв вицепремиер засега нема потврда.

ВМРО – ДПМНЕ ќе ги води, правда, МВР, МНР одбрана, финансии и останатите министерства.

Кога станува збор за заменичките места, неофицијално, Коалицијата „Вреди“ би ги добила во животна средина, транспорт, МВР и МНР, одбрана и земојделство.

Во јавноста се шпекулира со имиња во идниот кабинет на Владата но засега официјална потврда нема. Според информациите на Телма, извесно е дека неколку градоначалници ќе ја задржат својата функција бидејќи се ближат локалните избори а меѓу нив може најверојатно ќе биде Биљал Касами кој би се повлекол и од пратеничкиот мандат.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со месеци уценувал кумановка и земал 16.000 евра со закани

Дејан Дејан

Го фатија разбојникот, му го нашле и купот пари кои ги украде од банка во Скопје

Дејан Дејан

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе