Вести Свет Топ вести

Делови од Украина без струја – рој од руски дронови врз енергетската инфраструктура

Руски беспилотни летала утринава погодија електрани и ја исклучија електричната енергија во некои делови од регионот Суми во северна Украина, соопштија властите.

Во објава на комуникациската платформа Телеграм, регионалните власти соопштија дека беспилотните летала ги погодиле градовите Шостка и Конотоп, североисточно од Киев и во близина на границата со Русија.

Според регионалните власти, украинските воздухопловни сили собориле седум дронови користени во нападот.

Службите за итни случаи работат на враќање на струјата во три окрузи.

Украинската војска соопшти дека соборила 24 беспилотни летала лансирани од Русија во нападот во текот на ноќта врз пет други региони на југот и на истокот на земјата.

Пред нешто повеќе од една недела, руските сили ја преминаа границата и почнаа да навлегуваат во североисточниот регион Харков, а властите предупредија на трупање војници и можен напад врз соседниот Сумска област.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Го фатија разбојникот, му го нашле и купот пари кои ги украде од банка во Скопје

Дејан Дејан

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

Дејан Дејан

Петти меѓународен транспорт на медицинскиот хеликоптер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе