Чиви се цевките, негова е обврската да го поправи мостот. Со ова објаснување градоначалничката Данела Арсовска одново ја потсети државната ЕСМ што поскоро да ја санира шетата на мостот и да го опреми со нови цевки за парно. Од ЕСМ или ја послушале Аrсовска, или ги прифатиле нејзините правни укажувања па денеска се фатија со работа и донесоа цевки за монтажа.
Арсовска, пак и кога е за убаво и арно нема тоелранција за ЕСМ. Им ги врати камионите затоа што без довола и во среде бел ден развозувале материјали со тешки камиони, спротивно на комуналните правила.
Ама затоа секој кој сака може да се вози по мостот затоа што, благодарејќи на вештачењето кое градот го нарача, мостот е безбеден и му треба само шминка одоздола.
Дали е козметичка поправката, длабинска штетата, а мостот не безбеден точен оговор немаат ниту научниците од Градежниот факултет.
А, додека трае преписката и натегањата Град – ЕСМ граѓаните сѐ уште се во неизвеност дали за 60 проценти ќе поскапи парното греење, ако не се постави новиот топловод на мостот Беласица. Ова го соопштија од Регулаторната комсија на две недели пред официјалниот старт на новата грејна сезона.
Павле Беловски