Вести Македонија

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Убиени мечка со две мечиња во Маврово и фрлени на депонија, полицијата го бара злосторникот

(ФОТОГРАФИЈА ОД УВИД НА МЕСТОТО, ОБЈАВЕНО ОД ДИЖС)

Рано утрово откриени се три застрелани мечки во Маврово. На фотографиите кои ги објави Државниот инспекторат за животна средина се гледа депонија на која мечка и две нејзини мечиња се фрлени и на нив има крвави траги.

Од ДИЖС соопштија дека застреланите животни ги открила ренџерската служба во Националниот парк Маврово.

-Во утринските часови на ден 30.8-среда  во близина на селото Жировница (пред влезот во селото) забележано е од страна на ренџерската/чуварската служба дека се отстрелани три Мечки (Женка со две мали мечиња). При вонредниот инспекциски надзор е изготвен Записник за констатација од страна на ДИЖС при што ќе се води понатамошна инспекциска постапка, а присутни се и претставници од МЖСПП и МВР/ПОЛИЦИЈА. Телата на застреланите мечки се пренесени во посебен ладилник на ЈУ НП Маврово, а при надзорот немало присутни лица од АХВ-Агенцијата за Храна и Ветеринарство и ДИШЛ-Државниот Инспекторат за Шумарство и Ловство. Од страна на Полицијата се води посебна истражна постапка за пронаоѓање и санкционирање на сторителот, наведе ДИЖС во својата јавна објава.

Во Македонија е забранет лов на мечки.

Во продолжение вознемирувачките фотографии од местото на злосторството.

Згрозени сме од веста дека во Жировница се убиени мечка и нејзините две мечиња, рече главниот државен инспектор за животна средина Сретен Стојковски на прес-конференцијата на која го презентираше шестмесечниот извештај за работата на Инспекторатот.

Стојковски рече дека често Инспекторатот добива пријави од граѓани дека непознати лица фрлаат  отров за да убијат диви животни, што е недозволиво и казниво со закон, а многу чести се и пријавите за фрлен отров со цел несовесни граѓани да убијат кучиња скитници или мачки.

Тој наведе дека тоа не е само криминален чин, дека тоа не е само нехуман однос кон животните, туку на тој начин може да се загрози животот на децата кои често играат во трева, но и на луѓето воопшто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел го прифаќа планот на Бајден за мир во Газа, иако не е добар – советник на Нетанјаху во интервју за „Сандеј тајмс“

Дејан Дејан

Убиството се случило во полн угостителски објект- обвинителството отвори истрага за утринското злосторство во Боговиње

Дејан Дејан

(Видео) Еден загинат, седум повредени – се урна зграда во Истанбул

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе