Македонија Топ вести

„Титаник 3“ повторно потона, функционерите од ДУИ,  Исмет Гури и Ејуп Алими не испливаа

„Титаник 3“ повторно потона. Функционерите од ДУИ,  Исмет Гури и Ејуп Алими не испливаа, и второто судење за случајот не смени ништо. Судот ги повтори казните од три ипол години во затвор за кражба на гласови во Чаир, а тие одлуката ја дочекаа проѕевајќи се.

Осудени се затоа што, по завршувањето на првиот круг од гласањето за градоначалник на Чаир на локалните избори во 2013 година, во записниците додавале гласови на кандидатот од ДУИ, додека одземале од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. Гури, според пресудата, на еден претседател на избирачки одбор му се заканил да го потпише преправениот записник бидејќи во спротивно ќе биде лошо за него, а му рекол и дека работата е договорена со ВМРО-ДПМНЕ, со кои ДУИ тогаш беа во коалиција.

Покрај менувањето на бројот на гласови, меѓу незаконските активности на двајцата функционери од ДУИ, според пресудата, е и тоа што потоа самите ставале печат од избирачките одбори и ги фалсификувале потписите од претседателите на одборите.

Првото судење започна во март 2018 година, а пресуда беше донесена по две години. Но, веќе следната година, Апелација ја укина пресудата и го врати предметот на повторно судење.И денешната пресуда не е правосилна, односно странките имаат право на жалба до Апелација која овој пат ќе треба да одлучи мериторно.

Двајцата првостепено осудени се единствените поистакнати функционери од ДУИ за кои се дојде до пресуда во случаите што ги отвори Специјално јавно обвинителство (СЈО). Според нивните генералии што беа прочитани и при изрекување на пресудата, Гури во моментов е заменик-управник во УЈП, а Алими државен советник во Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците, со кое раководи вицепремиерот Артан Груби.

Далиборка Демјанска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мора да ја спречиме Европа да влезе во војна со Русија, Унгарците нема да гинат за другите – Орбан од маршот за мир во Будимпешта

Дејан Дејан

Немаме план Б во случај на пораз на Украина – естонската премиерка Каја Калас за „Би-Би-Си“

Дејан Дејан

Оштетени насипи, прекин во сообраќајот, евакуација на луѓе – поројни дождови предизвикаа поплави во јужна Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе