Вести Македонија Топ вести

Пораз на државата во Стразбур за притвор на обвинета за крвавиот четврток: Не и биле обезбедени правата на жалба за притвор

Елена Доцевска Божиновска, обвинетата, па амнестирана за 27 април, ја победи Македонија на Европскиот суд за човекови права (ЕЧСП) во Стразбур за пропустите во процедурата кога и беше определен притворот при истрагата за крвавиот четврток. Доцевска која тогаш работеше во Собранието, а сега е советник и на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, одлуката на Стразбур потврдува дека актуелната власт вршела политички прогон користејќи го случајот со 27 април.

Судот во Стразбур утврдил дека процедурите во кривична постапка за Доцевска биле прекршени и таа не можела да ги исползува правата кои и следуваат според законот за да го обжали затворскиот притвор, иако првично имала определен домашен притвор. Истотака, Стразбур утврдил дека Апелациониот суд не овозможил брза постапка по нејзината жалба, ниту пак и дозволил таа да присуствува на рочиштето.

„Судот нотираше дека апликантката била приведена истата вечер кога била издадена предметната наредба. Жалбеното рочиште се одржа 12-тиот ден од притворот и во нејзино отсуство. Со оглед на драматичното влијание на лишувањето од слобода врз основните права на засегнатото лице, Судот утврди дека постапката пред Апелациониот суд не можела да ги поправи недостатоците во постапката во која била донесена наредбата за притвор“, се вели во одлуката на ЕЧСП за „Доцевска Божиновска против Северна Македонија“. 

Поради тоа, судот утврдил дека државата на Доцевска не и ги обезбедила правата за процедурална гаранција за жалба и брзина на постапката со што е направена повреда на член 5 од Конвенцијата за човекови права, односно Право на слобода и сигурност. Ова не е првпат Стрзбур да досудува повреди за притворот кој се определува во македонските судови, но и покрај сите забелешки се уште се случуваат крупни пропусти во притворската процедура. Доцевска беше дел од обвинетите за крвавиот четврток.

На 27-ми април беше дел од кабинетот на спикерот Трајко Вељановски. Беше амнестирана по законот со кој се изврши амнестијата на обвинетите кои при упадот во Собранието не предизвикале или не учествувале во насилство. Сега е дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Куманово и е во коалиција со градоначалникот Максим Димитриевски, кој пак беше дел од нападнатите во Собранието. Амнестијата за 27-ми ги опфати и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои наместо на обвинителна клупа завршија во Собрание и гласаа за уставните измени.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕП 2024: Германија – Шкотска 3:0 на полувреме, Германците незапирливи, Шкотланѓаните продолжуваат со фудбалер помалку

Дејан Дејан

ЗНАМ ги „знае“ своите кандидати за министри и ги објави нивните имиња

Дејан Дејан

Ралпоски во „Топ тема“: Законот за организација на работата на органите на државната управа е добредојден, добивме уверувања дека ќе нема отпуштања на работници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе