Вести Македонија

(Видео) Повеќе стотици жители на Битола вечерва на протест бараат „Правда за Јана“

Повеќе стотици жители на Битола излегоа вечерва на протестот организиран под мотото „Правда за Јана“, изразувајќи ја својата тага и незадоволство од смртта на шест-годишното девојче, кое почина во Битолската болница , по примена инфузија.

Граѓаните бараат одговори како воопшто можеше да се случи трагичниот настан а носеа и плакати со кои ја осудија смртта на девојчето и сопствениот бес заради состојбата во македонското здравство: „Битолска болница = селска амбуланта“ ; „Ако немаш пријател – умри си“ ; „Запазени сите протоколи за смрт“ ; „Уште колку здрави деца како Јана треба да умрат“ ; „Сложни доктори и во петок закопуваат“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Еден загинат, седум повредени – се урна зграда во Истанбул

Дејан Дејан

Пожарникар го загуби животот, над 200 луѓе се евакуирани – поплави во Горна Баварија

Дејан Дејан

Зеленски: Дозволата на САД за удари со ХИМАРС врз Русија не е доволна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе