Вести Македонија Топ вести

Османи: Македонија од нова година влегува во нов однос со Европската унија во кој ќе се бараат конкретни резултати

Помина времето на објаснување со Европската комисија, и веќе од први јануари ќе се бараат конкретни резултати во секоја област. Министерот за надворешни Бујар Османи вели дека Македонија веќе нема да има алиби за слабостите во институциите и во системот. За извештајот за напредокот на Македонија кој комисијата треба да го објави идната година, очекува да биде соочување со реалноста.

Оценката на Османи е дека до сега доминираше позитивен тон во извештајот од Брисел заради, позитивните резултати на земјата во надворешната политика.

За Османи 2022-ра е успешна година во надворешната политика која ја одбележаа три пробиви: БриСел, Софија и Вашингтон. Инсистира дека преговорите со Унијата се почнати со скринингот иако отворањето поглавја е условено со промена на Уставот.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мора да ја спречиме Европа да влезе во војна со Русија, Унгарците нема да гинат за другите – Орбан од маршот за мир во Будимпешта

Дејан Дејан

Немаме план Б во случај на пораз на Украина – естонската премиерка Каја Калас за „Би-Би-Си“

Дејан Дејан

Оштетени насипи, прекин во сообраќајот, евакуација на луѓе – поројни дождови предизвикаа поплави во јужна Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе