Вести Македонија Топ вести

Утре заседава Советот за безбедност, тема енергетската криза во земјава

Со почеток во 11:00 часот во Кабинетот на претседателот утре ќе се одржи 17-та седница на Советот за безбедност, на која тема ќе биде актуелната енергетската криза во Република Северна Македонија и мерки за нејзино надминување.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши.

По завршувањето на седницата на Советот за безбедност ќе следaт изјави на претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, што ќе се пренесуваат во живо на YouTube и Facebook платформата на претседателот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мора да ја спречиме Европа да влезе во војна со Русија, Унгарците нема да гинат за другите – Орбан од маршот за мир во Будимпешта

Дејан Дејан

Немаме план Б во случај на пораз на Украина – естонската премиерка Каја Калас за „Би-Би-Си“

Дејан Дејан

Оштетени насипи, прекин во сообраќајот, евакуација на луѓе – поројни дождови предизвикаа поплави во јужна Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе