Вести Македонија Топ вести

Нема конечен договор за составување Влада

Продолжуваат преговорите за составување Влада. ВМРО-ДПМНЕ инсистира на некомпромитирани и квалитетни  кадровски решенија, „Вреди“ „се пофали“ со тројца вицепремиери, четворица министри и најмалку 5 а можеби и 7 заменици министри.

Поголемиот и носечки партнер, чиј лидер ќе биде и мандатар, не споделува детали со јавноста бидејќи не сака да го наруши преговарачкиот процес кој се уште не е финализиран. ВМРО-ДПМНЕ објаснува дека се базира на евро-интегративниот процес, борбата против криминалот и корупцијата и забрзан економски развој. Се разговара и за ресори и за имиња.

 -ВМРО-ДПМНЕ внимава и на персоналните решенија кои што се нудат во колициските преговори. Тие не треба да бидат компромитирани на било кој начин и треба да се посветени кон работата и реформите што ќе следат. За сега може да се каже дека преговорите се во напредна фаза. Во преговорите се внимава на квалитетот на самата поделба и на бројката што ВМРО-ДПМНЕ ја има во освоени пратеници за овој Парламент. Можам да кажам дека преговорите ќе продолжат во наредните денови, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Во распределбата на ресори влегуваат и трите нови министерства што ги вети ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма: министерство за енергетика и рударство, за спорт и за дигитална трансформација. За ваква реформа во органите на управата, како и за редефинирање на уште неколку постојни министерства е неопходно дво-третинско мнозинство. Партијата верува дека ќе го обезбеди со помош на пратеници од ЗНАМ и од коалицијата предводена од СДСМ. Ова ќе биде првата работа на новиот Парламент дури пред изборот на Влада.

Ресорсното учество на „Вреди“ е релативно познато. Алијанса ќе предложи вицепремиер за добро владеење, министер за здравство и заменици за Одбрана и за Земјоделство. За Демократското движење е резервиран првиот вицепремиер и Екологија, како и заменици во МВР и Транспорт. За БЕСА – Економија, Социјала и заменик во Култура. За Алтернатива – Евроинтеграции, заменик во Образование, но и спикерското место во Собрание, на кое треба да седне Африм Гаши. Конститутивната седница е закажана за вторник.

Соња Николовска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АНБ: Кај учесник на протестите за „Монструм“ и на друга локација пронајдени се оружје и мобилни уреди

Дејан Дејан

Тврди партиски кадри и „тешка артилерија“ – кандидати за градоначалници за локалните избори

Дејан Дејан

Туристите од Србија им ја продолжуваат сезоната на Дојранчани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе