Балкан Вести Свет

Само официјални државни знамиња дозволени за српските навивачи на стадионот каде ќе играат со Англија

По неколку инциденти во Гелзенкирхен во кои учествуваа и српски навивачи се огласи и Фудбалскиот сојуз на Србија кој ги предупреди своите навивачи дека на стадионот смеат да носат само државни знамиња на Србија и официјални знамиња на Сојузот.

Одлуката е донесена од УЕФА поради ризик некој од српските навивачи да внесе транспаренти со политички пораки како “Косово е Србија” или “Косово е срцето на Србија” или пак да развејат руски знамиња кои се слични со српските.

Веб медиумот данас.рс потсетува дека одлуката е донесена еден ден откако меѓу навивачите на Албанија на дуелот со Италија имаше фанови во униформа на УЧК како и десетици знамиња со голема Албанија.

На знамето со карта на голема Албанија кое албанците го нарекуваат”автохтоно” или етничка карта во територијата на Албанија спаѓаат и делови од сите соседи на Балканот меѓу кои и Македонија.

Денеска веќе имаше два поголеми инциденти меѓу албански и српски навивачи, а се регистрирани и десетици инциденти во кои беше вклучено одземање на навивачки симболи и симнувања на национално симболи од простори каде се промовираат учесниците на Европското првенство во фудбал.

Албански и српски навивачи се тепале во Гелзенкирхен

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ИЈЗ: Препораки до населението во Гостивар

Igor Trajkov

50 илјади литри дневно питка вода за Гостиварчани

Igor Trajkov

Ново „добредојде“ на влезот на Скопје – отстранет билбордот со грешките

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе