Вести Свет Топ вести

Резолуцијата за геноцид во Сребреница мета на реакции меѓу политичарите на домашна и светска сцена

Спомен обележјето над 8 илјади жртви на злосторот во Сребреница и денеска беше посетуван од оние кои сакаат да им оддадат почит. Од оваа година ќе имаат и посебен ден за сеќавање, откако Генералното Собрание на Обединети Нации ја усвои Резолуцијата за геноцид во Сребреница и го определи 11. јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Но, резолуцијата предизвика силни реакции и потреси меѓу државите и политичарите кои се противеа на неа.

Претседателот на Република Српска Милорад Додик поради Резолуцијата посочи дека овој ентитет во Босна и Херцеговина го покренува прашањето за одвојување на Република Српска од БиХ, по мирен пат.

,,Ние не сакаме да живееме со оние кои се спремни да го прекршат Уставот на БиХ, стратегија на надворешната полиција каде е предвидено дека сите прашања мора да се утврдат со консензус. Претседателството  највисок орган за спроведување на надворешната политика, а во последните два мандати имаме ситуација во која министрите од редот на Бошњаците, во целост ја узурпираа и ја уништија надворешната политика, таа денеска не постои“ изјави Милорад Додик, претседателот на Република Српска.

Од Амбасадата на САД во БИХ, остро одговорија на изјавата на претседателот на Република Српска, тие наведоа дека на партнерите во ентитетот во Федрацијата на БиХ, ќе им се испрати предлог за мирно разделување на државата, а потенцираа дека ваквиот чин може да биде крај на Република Српска.

Во анкетата направени во Сараево за донесувањето на Резолуцијата, граѓаните имаа јасни ставови со кои ја поддржаа.

,,Се очекуваше оваа резолуција да биде усвоена, затоа што е неопходна за човештвото, но секако и за народите, да се донесе некаков вид на резолуција за геноцидот и одбележувањето на тој геноцид. Тоа не важи само за БиХ, туку и за целиот свет, со цел да се предупреди дека ваквите геноциди не треба се повторуваат.”

,,Овој геноцид не го изврши српскиот или хрватскиот народ, туку армијата на Република Српска и веќе осудените воени злосторници Радован Караџиќ и Ратко Младиќ. Исто така, навистина ми е драго што се случи ова.”

Македонија беше една од земјите кои гласаа и беа коспонзори на Резолуцијата. Србија со низа реакции, преку залепени билборди и развеани знамиња, ја негираа потребата од донесувањето на ваквата Резолуција. Премиерката на Брнабиќ, изјави дека Србија во иднина ќе ја разгледа соработката со државите коспонзори, кои ја поддржаа резолуцијата. Реакција имаше и од поранешниот претседател Борис Тадиќ на неговиот профил ,,Х”  напиша дека не ја поддржува донесената резолуција, а поделените гласови само го покажуваат неговиот легитимитет. Според него ова претставува опасен историски преседан, кој отвара голем број на дискусии по прашањето за геноцидот, со кои се политизираат опортунистичките толкувања. Постапката за усвојување за оваа резолуција може да направи поделба меѓу државите во светот на прашањето за геноцидот, оцени Тадиќ. На светската сцена реагираа Русија, Кина и други земји, кои негативно го оценија изгласувањето на Резолуцијата за сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница.

За резолуцијата гласаа 84 земји, од кои 68 држави гласаа ЗА, додека 18 беа ПРОТИВ.

Освен на политичка сцена, бројни реакции има и од јавната сцена, каде ставовите се поделени. Голем број на јавни лица започнаа онлајн борба за тоа дали ваквата резолуција ќе има позитивен или, пак негативен исход.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како Мисајловски заврши во одбрана, а Тошковски остана во внатрешни работи- кои се министрите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Дејан Дејан

Мицкоски очекува сите партии во Собранието да ги гласаат измените на Законот за локална самоуправа

Дејан Дејан

Потврдени имињата на министрите во идната влада, Златко Перински за локална самоуправа, Љупчо Димовски кој ќе биде вицепремиер за политички систем и Шабан Салиу, кој ќе биде министер без ресор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе