Вести Свет Топ вести

Путин подготвен на примирје?! Орбан се плаши дека Европа ќе се приклучи на војната, Запaдот планира како да ги конфискува запленетиот имот на Русија

Рововската битка и воздушните напади во Украина не стивнуваат и носат нови жртви. Ова се снимки од бомбардираната фабрика во Харков каде загинаа 7 работници, а најмалку 20 луѓе се повредени. Покрај нападите врз Украина, битките во Црното море се уште има и погранични напади врз руските области кои се на границата со Украина.

Фронтот е далеку од примирје, но според екскулзивната информација на агенцијата Ројтерс,  Путин е подготвен на примирје и прекин на борбите во Украина долж сегашната линија на фронтот.

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за примирје во Украина со кое би се признале актуелните линии на фронтот, објави агенцијата Ројтерс повикувајќи се на 4 руски извори од окружувањето на Путин.

Тој е подготвен да ја продолжи борбата доколку Киев и Западот не одговорат на понудата, стои во текстот на Ројтерс,кој е означен како ексклузивна вест.

Според текстот, Путин во мал круг на соработници при расправата за украинската војна „изразил фрустрации поради она што го гледа како обид на Западот да спречи преговори“.

Путин може да се бори колку е потребно, но исто така е подготвен и на прекин на огнот и на замрзнување на војната, им посочил изворот на Ројтерс, кој е опишан како висок руски функционер кој работи со Путин и има сознанија за случувањата на највисоко ниво во Кремљ. Сите извори на Ројтерс побарале анонимност.

Портпаролот на Кремљ Димитар Песков вратил на барањето за коментар на агенцијата со одговор дека Путин повеќе пати јасно ставил до знаење дека Русија е отворена за дијалог како би ги постигнала своите цели дека државата не посакува „вечна војна“.

Ројтерс барал коментар и од украинските власти но министерствата за надворешни работи и за одбрана во Киев не им одговориле.

Путин нема директен коментар, но тој веќе замина поблиску до Украина, во посета на Минск каде го пречека неговиот најголем партнер белорускиот претседател Алексндар Лукашенко. Ова е прва официјална посета на Путин по изборот за нов претседател на Русија кој му е 5-ти рекорден мандат.

Ќе разговараат за соработка, економија, но и за геостратешката состојба во светот.

Западните надежи и надежите на Киев пак се свртени кон Самитот за мир кој наредниот месец ќе се одржи во Швајцарија. Русија не е повикана за да учествува на тој самит.

Ројтерс ја објави ексклузивната информација за можно примирје како желба на Путин, неколку часа откако блискиот сојузник на рускиот претседател во рамките на ЕУ, унгарскиот премиер Виктор Орбан драматично преку интервју рече дека Брисел се подготвува за војна.

-Она што денес се случува во Брисел и Вашингтон, односно повеќе во Брисел создава расположение за можен воен судир кое што може да го опишеме како подготовка за влез на Европа во војната. Унгарија е членка на НАТО и има представници во тие групи кои разговараат на темата, но не сакаме да учествуваме во судирот ниту со финансиски придонес ниту со испраќање на оружје, дури и во рамките на НАТО, изјави Виктор Орбан, премиер на Унгарија.

Од друга страна, во Италија почна самитот на Г7 групата 7 најразвиени држави во светот. Една од главните теми се токму финансиите поврзани со војната односно планот што да се стори со замрзнатиот имот на Русија во западните земји кои и воведоа санкции.

-Нашата цел е секако да постигнеме договор за употреба на „замрзнатиот руски имот“. Целта е да имаме метод и сигурност за финансирање на Украина. Украинската влада и претседателот Зееленски кажаа дека тоа е нашата цел, рече Бруно ЛеМер, Министер за финансии на Франција.

Токму финансиите и воената помош се голем проблем за Украина за да обезбеди успешна одбрана од агресијата на Русија.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како Мисајловски заврши во одбрана, а Тошковски остана во внатрешни работи- кои се министрите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Дејан Дејан

Мицкоски очекува сите партии во Собранието да ги гласаат измените на Законот за локална самоуправа

Дејан Дејан

Потврдени имињата на министрите во идната влада, Златко Перински за локална самоуправа, Љупчо Димовски кој ќе биде вицепремиер за политички систем и Шабан Салиу, кој ќе биде министер без ресор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе