Вести Македонија Топ вести

Вебер со порака до раководството на ВМРО-ДПМНЕ да го почитува Договорот од Преспа и да го користи името Северна Македонија

Порака до раководството на ВМРО-ДПМНЕ да го почитува Договорот од Преспа и да го користи името Северна Македонија, упати преку платформата Икс, претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер.

  • Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба целосно да ги почитува одредби на обврзувачкиот Договор од Преспа и доследно да го користи името „Северна Македонија“. Почитувањето на меѓународните договори е основен предуслов за нас како ЕПП. Во спротивно Европа не може да функционира и ЕУ нема да го прифати ова, напиша Вебер.

Дел од Европската народна партија се и ВМРО-ДПМНЕ и грчката Нова демократија, а ова е прва реакција од ЕПП по изборите кај нас.

Портпаролката на СИРИЗА Вула Кехаја на брифингот со новинарите минатата седмица упати прашање до грчката Влада „дали има намера да го покрене прашањето за исфрлање на националистичката ВМРО од Европската народна партија, односно сестринска партија на Нова демократија“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се наѕираат контурите на новата влада

КОД: Околу милион евра се трошат за гласање во дијаспората за неколку стотици гласови

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги открие своите министри по седници на своите партиски тела- за некои имиња се шпекулираше дека ќе бидат во кабинетот на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе