Вести Македонија Топ вести

Антикорупциска со иницијатива за Академијата за судии и обвинители, директорката Габер вели- постапивме по одлука на судот, постои непримерен притисок во јавноста

На Академијата за судии и обвинители нема нови слушатели и идни судии и обвинители бидејќи Управниот суд ја потврди одлуката на Антикорупциската комисија која наложи да биде сопрена постапката за вработување и тестирање на кандидатите иако била започната порано и пред изборниот период, а во изборниот период требаше да се реализираат тестирањата за вработување.

Антикорупциска денеска соопшти дека отвора постапка и покренува иницијатива пред надлежните за да се утврди одговорност зошто директорката Габер и Управниот одбор воопшто ја изведувале постапката за време на избори кога е забрането.

За директорката Габер, иницијативата е испратена до Управниот одбор на Академијата кој ја избира и до Министерството за правда. За членовите на Управниот одбор, пак иницијативата за одговорност е поднесена до институциите кои ги номинираат членовите на одборот. Во рок од 60 дена мора да одлучат.

Потсетуваме дека ДКСК отвори предмет за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители, за време на изборите, за што утврдивме дека е спротивно на законите, а тоа практично го потврдија и Управниот и Вишиот Управен суд, кои ја отфрлија жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители. Затоа, сметаме дека и оваа иницијатива е целосно оправдана и дека надлежните институции ќе постапат соодветно и во предвидениот рок, соопштија од дкск.

Директорката на Академијата Наташа Габер Дамјановска за Телма изјави дека сите постапки се запрени по конечната одлука на Вишиот Управен суд, но Антикорупциската има законска должност да покрене иницијатива. Сметам дека во случајот постои и непримерен притисок кој во последно време се случува во јавноста, ни изјави Габер.

Академијата работеше имајќи го предвид претходното мислење на ДКСК за истата работа. Откако беше донесена конечната одлука на Управниот одбор, Академијата ја почитуваше одлуката и запре со процесот на тестирање. Значи, никој не е вработен и АСЈО го почитува судот и принципот на владеењето на правото. Верувам дека правосудните институции ќе дадат принципиелен одговор, при одсуство на дело, смета директорката габер дамјановска.

Во сличен случај во 2017-та, тогашниот состав на Антикорупциската комисија одобри Академијата да вработува и да тестира кандидати. Тогаш во владата беа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Управните судови пак сега сметаа дека двата случаи не биле исти, а претставката во Антикорупциска ја поднесе како кандидатка за Претседател, Гордана Силјановска Давкова.

Миомир Серафиновиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Премиерски портрет на Талат Џафери поставен во владата

Дејан Дејан

Со месеци уценувал кумановка и земал 16.000 евра со закани

Дејан Дејан

Го фатија разбојникот, му го нашле и купот пари кои ги украде од банка во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе