Вести Свет

Во Србија Сојузот на Југословени бараат признавање како национално малцинство

Организациите собрани околу Сојузот на Југословените денеска најавија дека ќе поднесат барање до надлежните органи во Србија за формирање „посебен избирачки список на југословенското национално малцинство“.

Во соопштението потпишано од девет политички организации, се оценува дека прашањето за признавање на статусот – Југословени – како национално малцинство „не може да биде прашање на политичка волја“.

Тие оценија дека Србија со непризнавањето на југословенското национално малцинство „грубо ги крши малцинските права на декларираните Југословени, од кои според последниот попис на населението од 2022 година имало 27.143“, што, додаваат, ги прави седма по големина малцинска заедница во Србија.

-Нашите организации со задоволство констатираат дека 1.484 Египќани и 1.307 Ашкалии се признати од државата Србија како национални малцинства, но не можеме да го премолчиме фактот дека дискриминацијата врз Југословените што ја применуваат државните власти врз националниот идентитет на над 27.000 граѓани на Србија е скандалозна, незаконска и достојна за секаква осуда, пишува во соопштението

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со месеци уценувал кумановка и земал 16.000 евра со закани

Дејан Дејан

Го фатија разбојникот, му го нашле и купот пари кои ги украде од банка во Скопје

Дејан Дејан

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе