Вести Свет

Велика Британија оди на избори на 4 јули

Подобро порано отколку подоцна кога голема е веројатноста дека штетата да биде поправлива. Ова во кратки црти е објаснувањето зошто британскиот премиер Риши Сунак да ги закаже изборите за 4 јули. Анкетите покажуваат дека Ториевците ги очекува убедлив пораз, а добар дел од најистакнатите членови стравуваа дека евентуалните избори наесен или кон крајот на годината би го направиле тој пораз катастрофален.

Токму поради тоа, Сунак на дождот пред Даунинг стрит 10, соопшти дека Британија на 4 јули ќе одлучи за својата иднина.

Сега е моментот Британија да ја одбере својата иднина. Да одлучи дали сака да го надградиме напредокот кој досега го постигнавме, или да ризикува да се вратиме на почеток, без план и без сигурност. Претходно денеска разговарав со Неговото височество Кралот да побарам распуштање на парламентот. Кралот го одобри ова барање и ќе имаме парламентарни избори на 4 јули, рече сунак.

Лабуристите со воодушевување го очекуваа распишувањето на изборите, затоа што анкетите покажуваат дека имаат повеќе од двојно поголем рејтинг од Ториевците.

Вечерва, премиерот конечно ги објави парламентарните избори, момент кој државата многу долго го чекаше, и во кој според силата на демократијата власта се враќа во ваши раце. Шанса за промена кон подобро. Вашата иднина, вашата заедница, вашата држава, порача опозицискиот лидер кир стармер.

Иако анкетите им предвидуваат пораз, пет неделната кампања е доволно долга за Сунак да се обиде да направи пресврт, или во најмала рака да го ублажи. Во самата изјава со која го најави распишувањето на изборите, Сунак навести на кои основи ќе се темели неговата кампања. Безбедноста, стабилизирањето на инфлацијата и ублажувањето на економскиот удар од пандемијата.

Но, по 14 години поминати во опозиција, Лабуристите сонуваат за победа, и додека Сунак зборуваше пред новинарите неколкумина демонстранти на звучници ја пуштија химната на Лабуристичката партија на изборите во 1997 година, кои Тони Блер убедливо ги доби.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со месеци уценувал кумановка и земал 16.000 евра со закани

Дејан Дејан

Го фатија разбојникот, му го нашле и купот пари кои ги украде од банка во Скопје

Дејан Дејан

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе