Вести Свет

Стотици илјади луѓе на улиците на Техеран, Хамнеи ја предводи молитвата за покојниот Раиси

Стотици илјади луѓе излегоа на улиците на Техеран за да присуствуваат на погребот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и други официјални луѓе кои загинаа во хеликоптерската несреќа на 19 мај. Молитвата во универзитетот во Техеран ја предводеше иранскиот Врховен водач, ајатолахот Сајед Али Хамнеи.

Тридневните погребни обичаи по повод смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси почнаа вчера во Табриз, во иранската покраина Источен Азербејџан. Телото на Раиси потоа беше преместено во градот Ком. Во Иран е прогласена петдневна жалост што ја објави ајатолахот Хамнеи.

Телото на Раиси ќе биде пренесено во градот Бирџанд, престолнина на покраината Јужен Хорасан, погребот е закажан за утревечер (четврток) во неговиот роден град Машад во храмот на Имамот Реза.

Раиси, иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахијан и други официјални лица загинаа во падот на хеликоптерот во 19 часот во северозападниот дел на земјата. Во несреќата загинаа и двајца телохранители, двајца пилоти и еден член на екипажот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со месеци уценувал кумановка и земал 16.000 евра со закани

Дејан Дејан

Го фатија разбојникот, му го нашле и купот пари кои ги украде од банка во Скопје

Дејан Дејан

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе