Спорт Фудбал

Милевски повика 27 фудбалери за пријателските со Хрватска и Чешка

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски го објави списокот на играчи повикани за претстојните пријателски натпревари со Хрватска и Чешка.

Милевски повика 27 фудбалери за овие два натпревари, но на списокот нема некое изненадување или нов фудбалер. Очигледно селекторот ќе се потпира на проверени сили, а целта ќе биде добро воигрување пред стартот на Лигата на нации во септември.

Тимот очекувано го предводат Столе Димитриевски, Енис Барди, Елиф Елмас,  Бојан Миовски, Александар Трајковски и останатите искусни фудбалери. Во составот ќе биде и Дарко Велковски, кој и натаму се рехабилитира од повреда.

Милевски е свесен дека во играта на нашиот тим има доста грешки, кои се надева дека ќе бидат поправени на овие два силни натпревари против Хрватска на 3.јуни во Ријека и против Чешка седум дена подоцна во Храдец Кралове. Акцент ќе биде ставен на подобра реализација, нешто беше наша сериозна болка во евроквалификациите.

Првиот собир на фудбалерите е закажан за 27 мај во Скопје.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ ФУДБАЛЕРИ

ГОЛМАНИ:

Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија, Дамјан ШИШКОВСКИ – Арарат, Ерменија, Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички, Дејан ИЛИЕВ – Сараево, БиХ

ОДБРАНА:

Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија, Тодор ТОДОРОВСКИ – Политехника Јаши, Романија, Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија, Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција, Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли, Саудиска Арабија, Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати, Русија, Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска, Стефан АШКОВСКИ – Алашкерт, Ерменија, Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова, Романија , Дарко ВЕЛКОВСКИ – Динамо Букурешт, Романија;

СРЕДЕН РЕД:

Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција, Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска, Агон ЕЛЕЗИ – Бохум, Германија, Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице, Полска, Давор ЗДРАВКОВСКИ – Медервел, Шкотска, Елиф ЕЛМАС – Лајпциг, Германија, Исник АЛИМИ – Сепси, Романија, Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин, Хрватска;

НАПАД:

Бојан МИОВСКИ – Абердин, Шкотска, Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905, Чешка, Дарко ЧУРЛИНОВ – Шалке 04, Германија , Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук, Хрватска, Лирим ЌАМИЛИ – Хвидовре, Данска;

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Холандија и Франција први играа натпревар без голови

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Исланѓанките пресилни за нашите ракометни надежи

Дејан Дејан

Еурофарм Пелистер следната сезона ќе биде дел од ракометната елита

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе