Емисии Топ тема

„Топ тема“ (18.06.2024): Укинување на економските директори и спојување на Клинички центар

Укинување на економските директори и спојување на Клинички, е концептот на Арбен Таравари за ресорот здравство со кој раководеше 100 дена во 2017 година, а ќе биде на чело и во новата влада на Македонија. Тоа е пораката на Таравари кој лично ја потврди во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„За економските директори кажав кога за првпат бев министер за здравство во 2017 година. За месец дена разрешив 90 отсто од економските директори. Сто дена бев министер и концептот беше сите економски директори да не постојат и да се спои клиничкиот центар. Ист е концептот и сега. Овие програмски цели, посебно во здравството, беа и во 2017 година и во 2020 година, кога немавме власт и сега кога веќе ќе раководиме со министерството“, изјави Таравари.

Тој истакна дека министерот Меџити подготвил пакет за спојување на Клинички и изрази надеж дека ќе продолжи со негова реализација.

„Не знам како е законски. Ќе ги консултирам правниците во министерството за здравство и ако можам, јас уште првиот ден би ги разрешил сите економски директори. Уште првиот ден. Нема именување на нови. Нема да постојат. Да има 30 или 32 директори, професионални, плус 32 економски директори, плус управни одбори по пет луѓе на 30 клиники… Тоа се уште 160-170 луѓе. Мислам дека треба да рационализираме. Не треба да се брза со спојување на Клинички центар, за да не настане хаос, меѓутоа долгорочно, мислам за една година да успееме да направиме нови систематизации, добро да го планираме спојувањето на клиничкиот центар за да може интегрално да функционира, заедно, убаво, добро и ефикасно“, порача Таравари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема – Интервју со министерот за здравство Арбен Таравари 26.03.2025

Дејан Дејан

Топ Тема – Кои се изговорите за 30 години пропусти? 25.03.2025

Дејан Дејан

Топ Тема – Ќе успеат ли истражните органи да одбегнат политичка контаминација на истрагата? 24.03.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе