-Испив само едно мартини и возев по моите пријатели кон домот, наводно рекол славниот пејач и актер Џастин Тимберлејк кога бил сопрен од полицијата поради возење автомобил додека бил под дејство на алкохол.
Американските медиуми ја објавија и полициската фотографија и детали од записникот за апсењето на Тимберлејк во монденското место Саг Харбор на 100-тина километри од градот Њујорк.
Пејачот наводно одбил трипати да „дува“ во дрегер за да му биде утврдено дали е пијан или не. Првото судење е одржано и Тимберлејк е ослободен од притвор, а наредното рочиште ќе се одржи виртуелно, на далечина на крајот на јули.
Џастин Тимберлејк ја почна кариерата во бојбендот Nsync, а потоа почна самостојна музичка кариера, а паралелно ја развиваше и актерската кариера. Неговите музички албуми и дела се меѓу најпродаваните албуми од американски артисти и музичари.