Балкан Вести Економија Македонија Свет Топ вести

Вчера имало проблем со електроенергетската мрежа во Македонија и можело да има сличен колапс и снемување струја како денеска во половина балкански држави, тврдат во БиХ?

Независниот оператор на системот во Босна и Херцеговина тврди дека и Македонија можеле да доживее енергетски колапс сличен на денешниот кој погоди најмалку 5 држави на Балканот. Незавосниот оператор на системот во Бих (НОСБИХ) е енергетска компанија за пренос на електрична енергија како што е МЕПСО во Македонија.

Од оператор во БиХ соопштуваат дека истражуваат зошто дојде до испад на системот во таа држава.

Според првичните информациите, испадот се случил поради проблеми со преоптоварување на мрежата, на клучните 400 киловолтни интерконектори кои се наоѓаат меѓу државите и ги поврзуваат енергетските системи во регионот, како и конектори (трансформатори) од иста моќност кои се наоѓаат во рамки на една држава.

По првиот испад за кој се уште не е утврдено каде се случил, трансформаторите и конекторите каскадно паѓале еден по друг и колапсот е почувствуван покрај во БиХ и во Црна Гора, Албанија, Хрватска, крајниот север на Грција и јужниот дел на Србија кон Црна Гора.

Но, она што загрижува е дека сличен колапс се заканувал и во четвртокот, а со него би била опфатена и Македонија.

-Слично сценарио имаше вчера кога настанаа проблеми во електро-енергетските системи на Грција, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, соопштија од НОСБИХ, без да прецизираат повеќе детали.

Во Македонија вчера немаше ниту јавно соопштение за проблемите ниту беа регистрирани поголеми испади на системот за пренос на струја.

Денешниот погоди делови од 6 балкански држави, но не и Македонија. “Пукнаа” струјните врски на Грција и Албанија и тоа е најужен конектор каде е регистриран испадот. Јадранското крајбрежје од Валона во Албанија до Ријека во Хрватска останаа без струја, а најзападниот конектор кој испадна од системот е тој во близина на Ријека. Пиради тоа се претпоставува дека проблемот и колапсот почнал на југ, или во Црна Гора или во Албанија.

Албанските и црногорски надлежни министерства соопштија дека проблемите се предизвикани со преголема потрошувачка на струја, но и поради жешкото време кое влијае и го намалува капацитетот на преносниот систем доколку се презема струја од други држави како што впрочем се балканските земји.

Македонија се уште не го изгради интерконекторот кон Албанија кој почна да се гради, но проектот е во застој. Не е соопштено дали поради немање моќен интерконектор со Албанија е спречен и колапс на енергетскиот систем во Македонија.

Поради “blackout” односно затемнување на системот за пренос на струја, електрична енергија немаше во три главни града Подгорица, Тирана и Сараево како и во уште десетина големи градови како Дубровник, Сплит, Мостар и Будва.

Во 5 држави низ Балканот снема струја- почна од Црна Гора, се прошири на БиХ, Далмација во Хрватска, Албанија, а стигна и до Грција

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хегсет: Не е можно враќање на границите кои Украина ги имаше до 2014 година

Дејан Дејан

Воз излетал од шините: Железничката линија Скопје-Солун нема да функционира

Дејан Дејан

Трамп и Путин разговарале по телефон: Преговорите за мир во Украина започнаа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе