Кошарка Спорт

Бостон е нов шампион и најтрофеен тим во историјата на НБА (ВИДЕО)

Бостон ја освои шампионската титула во НБА-лигата откако во пет натпревари го победи Далас во големото финале. Селтикс сега се најтрофејниот клуб во историјата минувајќи го лутиот ривал Лос Анџелес лејкерс.

Бостон утринава дојде до победа од 106-88 и со вкупни 4-1 го победи Далас во големото финале. Џејсон Тејтум имаше 31 поен за домашниот тим со 11 асистенции, додека Џејлен Браун запиша 21 поен. Токму Браун беше прогласен за МВП на финалната серија. Лука Дончиќ беше најефикасен кај Маверикс со 28 поени и 12 скока.

Џо Мазула со 35 години стана најмладиот тренер што стигнал до шампионскиот прстен по Бил Расел во 1969 година.

Селтикс со првата титула освоена уште од 2008 година сега имаат 18.титули во својата историја па избија на вечната листа како најтрофеен тим, оставајќи го големиот ривал Лос Анџелес лејкерс на 17.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе