Вести Најважни Свет

Потрагата по 2-годишната Данка продолжува- над 350 луѓе ноќеска ја барале

Над 350 луѓе ноќеска учествувале во потрагата по двегодишната Данка Илиќ во околината на местото Бањско Поле кај Бор во Србија откако девојчето исчезна вчера попладне.

За време на студената ноќ, спасувачите го пребарувале теренот во обид да го најдат девојчето кое го снема вчера околу 13:45. Потрагата ја раководат полицијата и противпожарната служба.

По исчезнувањето на Данка, во Србија за првпат е активиран системот “Најди ме” (Амбер алерт) создаден за брза реакција во случаи на исчезнати деца. Се користат дронови со топлотни камери, хеликоптери и кучиња трагачи во потрагата.

“Има кафеава коса, кафеави очи, височина околу 85 см. Во моментот на нејзиното исчезнување таа носеше маслинесто зелена јакна, виолетови панталони и црни патики“, стои во описот на малата Данка на “Најди ме”. Девојчето не зборува но се одзива на повици на нејзиното име.

Мајката на девојчето за медиумите во Србија изјавила дека била со ќерката и синот во Бањско поле кога девојчето исчезнало.

„Додека се свртев,  ја снема. Уште нема две години, во мај ќе наполни. Не зборува уште. Ја повикував, таа не ми одговори. Во близина има шума. Му се молам на Бога што побрзо да ја најдеме“, изјавила мајката на Данка, Ивана Драгомировиќ.

Двегодишно девојче исчезна во Србија- за првпат вклучен системот “Најди ме” додека од воздух пребаруваат дронови и хеликоптери

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата уште ги бара двајцата вандали кои со шовинистички пораки го „нагрдија“  српското културно друштво во Куманово – Работиме интензивно, велат од СВР Куманово

Дејан Дејан

И Мицкоски со став дека Протокол со Бугарија не е дел од Преговарачката рамка

Sasko Dimovski

Заболените од западно-нилска треска се од Скопје и сите не патувале надвор од државата – регистрирани се и заразени од маларија, Денга-треска и Зика

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе