Вести Македонија

Италија повеќе не ги прифаќа македонските возачки дозволи, за иселениците ова е ризик да останат без работа

Македонските граѓани со постојан престој во Италија се соочуваат со проблем бидејки не можат да ја заменат македонската возачка дозвола со италијанска. Тоа значи дека за добивање локална дозвола треба повторно да полагаат, што за некои од нив претставува ризик да останат без работа.

Дел од туристите пак  не можат да изнајмат автомобил без меѓународна возачка дозвола, додека иселениците повеќе не можат директно да ја заменат македонската дозвола со италијанска.

Според сведоштва на туристи, рент-а-кар компаниите бараат меѓународна возачка дозвола за документи издадени надвор од Европската Унија, а во дел од случаите македонската дозвола не се појавува ниту во системот за проверка на документите.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека македонската страна ги завршила потребните процедури, а се чека конечна согласност од италијанските власти.

По потпишувањето на новиот договор повторно ќе биде овозможено признавање и замена на македонските возачки дозволи во Италија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови 106 случаи на труење во Гостивар за 24 часа – вклучен аларм за жолтица

Kristina Kuzmanovski

МВР со апел: Внимавајте, лажни пораки од „Безбеден град“ крадат информации

Kristina Kuzmanovski

Македонски тинејџер уапсен во Црна Гора за обид за убиство – дали е дел од младите скопјани регрутирани од криминалните нарко банди во соседството

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе