Земјотрес со магнитуда од 7,1 степени го потресе Кумамото на јужниот главен остров Кјушу во Јапонија, а издадено е и предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Агенцијата соопшти дека предупредувањето за цунами е за блискиот залив Ариаке на западните брегови на Кумамото, околу 900 километри југозападно од Токио.
Јапонската премиерка Санае Такаичи, во порака објавена на X, ги повика жителите да го избегнуваат крајбрежјето каде што се предвидува цунами до 1 метар.
Таа рече дека нејзината влада формирала работна група за собирање информации, проценка на можна штета и подготовка за спасувачки операции доколку е потребно.
- „Животот на луѓето е на прво место“, рече Такаичи, повикувајќи ги жителите во силно потресените области да бидат внимателни во светлината на можни силни последователни потреси.
Јапонската агенција за управување со пожари и катастрофи соопшти дека нема извештаи за штети на големи јавни објекти и инфраструктура во регионот, иако властите сè уште ја проценуваат степенот на штета од земјотресот.
