Вести Економија Македонија Топ вести

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“

Во 2022 година, Мицкоски тврдеше дека поскапувањето на парното е пљачка на граѓаните, дека е последица на лоповлук и дека семејствата ќе плаќаат и до 120 евра повеќе годишно. Денес, кога Мицкоски е премиер, за само осум месеци им приреди на скопјани две последователни поскапувања – 5,9% од декември 2025 година и нови 5,96% од август 2026 година, односно кумулативно зголемување од приближно 12,2%, се вели во реакцијата на Левица.

Од таму истакнуваат дека додека беше во опозиција, поскапувањето беше грабеж. Откако седна во премиерската фотелја, грабежот доби ново име: „минимална корекција“ и „најниска цена во регионот“, велат „очигледно, според енергетската доктрина на премиерот „енергетичар“, цената не зависи од трошоците и животниот стандард, туку од тоа кој ја контролира Владата. Кога сметките на граѓаните ги покачува ДПМНЕ, дури и тоа се обидуваат да го прикажат како е успех“.

  • Од декември, просечната сметка беше зголемена за околу 130 денари. Од август следува ново зголемување од околу 140 денари за стан од 60 квадратни метри. Наместо да го спречи вториот удар врз семејните буџети, РКЕ под раководство на Ацо Ристов (бизнис пријателот и сопартијец на Мицкоски) го прогласува за минимално поскапување, како граѓаните да треба да бидат благодарни. РКЕ не е аукциска куќа, ниту ценовен нотар на снабдувачите. Нејзина обврска е до последен денар да ги преиспита трошоците, загубите во мрежата, бројот и продуктивноста на вработените, оправданоста на инвестициите, набавните цени, регулираниот принос и секоја ставка што се вградува во крајната сметка, истакнуваат од Левица.

Посебно навредлива е тезата дека Скопје имало поевтино парно од Белград, Љубљана, Софија или Сараево. Македонскиот работник не зема љубљанска плата, не располага со белградски семеен буџет и не живее со софиски приходи. Платите на македонскиот работник се најмизерни во Европа! Тој живее во Македонија, каде што храната, домувањето, струјата, водата и греењето секој месец одземаат сè поголем дел од платата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Трамп гледа голема шанса нешто да се случи во разговорите со Иран, но Техеран тврди дека пораките сè уште се разменуваат преку посредници

Дејан Дејан

СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода – Во нормална држава тие би биле прашани од првиот ден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе