Актерот Сем Нил, познат по голем број на улоги меѓу кои и онаа на доктор Ален Грант во првиот „Јура парк“ и во продолженија што следуваа, почина на 78-годишна возраст. Неговата смрт е „изненадувачка и неочекувана“, соопшти семејството.
На Сем Нил му беше дијагностициран рак во март во 2023 година, велејќи дека станува збор за „многу агресивен облик“. Во април оваа година објави дека ракот се повлекол по CART-T ќелиската терапија.
Нил е роден во Северна Ирска, но уште како дете се пресели во Нов Зеланд. На корените се врати во 2013 година со улогата на детектив во серијата Бирмингемска банда. Имаше улоги во бројни остварувања, меѓу останатите во филмовите „Претскажување 3: Конечна пресметка“, „Лов на црвениот октомври“, „Конечен хоризонт“, „Во устите на лудилото“, „Лов на дивјаци“, итн.
Во 80-тите години од минатиот век беше и на аудиција за улогата на Џејмс Бонс кој на крајот ја доби Тимоти Далтон.
