Кошарка Спорт

 Македонските јуниори испуштија победа против Босна и Херцеговина

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години го запиша и вториот пораз на Европското првенство од Б-дивизијата. Нашите надежи денеска во Риека загубија од Босна и Херцеговина со 86-75, во рамките на второто коло од групата Д.

Македонија одигра одлични 35 минути, но го испушти натпреварот во завршницата. По првата четвртина нашиот тим имаше предност од 28-23, а на полувремето водеше со 46-41.

Момците на селекторот Миодраг Тодоровиќ беа во водство сè до четири и пол минути пред крајот, кога имаа предност од 71-69. Босна и Херцеговина потоа направи пресврт и со одлична завршница стигна до победа од 86-75.

Григориј Ѓорѓевиќ со 21 поен беше најефикасен во македонскиот состав, додека Ѓорѓи Цветковски постигна 20. Кај Босна и Херцеговина незадржлив беше Един Прелџиќ со 27 поени и 13 скока.

Македонија утре од 10:30 часот ќе игра против Унгарија во третото коло од групата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Карапаз ја освои 20-тата етапа, Погачар пред петта титула на „Тур де Франс“

Sportska Redakcija

Норис на пол-позицијата, казна го симна Хамилтон на петтото место

Sportska Redakcija

Вардар со комбиниран состав сигурно против Брегалница

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе